[ВИДЕО] Ким Џонг-ун со возот наречен движечка тврдина стигна во Пекинг

Макфакс

02/09/2025

18:58

480

Големина на фонт

а а а

Познатиот оклопен воз на Ким Џонг-ун повторно е во центарот на светската јавност, откако севернокорејскиот лидер со него патуваше до Пекинг. Таму ќе се сретне со кинескиот колега Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин, пишува „Њузвик“

Ова е прва посета на Кина од јануари 2019 година, а се очекува да присуствува на воена парада во Пекинг по повод 80-годишнината од завршувањето на Втората светска војна, приклучувајќи се на лидерите на двата најважни сојузници на Северна Кореја.

Во возот беа и водечките официјални лица на владејачката Работничка партија на Кореја и севернокорејската влада. Со Ким во Пекинг допатува и неговата помлада ќерка, Ким Џу-е, за која се смета дека можеби ќе го наследи.

Возот што го користи Ким Џонг-ун, наречен „движечка тврдина“, има непробојни стакла, зајакнати подови и ѕидови отпорни на експлозии, како и противвоздушно оружје, според јужнокорејското Министерство.

Воени извори од Јужна Кореја наведуваат дека возот има радари, топови, лансери на ракети земја-воздух и дури и хеликоптер за итно бегство. Сета опрема значително го зголемува товарот на возот, кој се движи со максимална брзина од околу 56 километри на час. Патувањето до Пекинг, околу 1.300 километри, трае приближно 20 часа.

На утрешната воена парада првпат ќе се сретнат кинескиот, рускиот и севернокорејскиот лидер. „Присуството на Ким и Путин во Пекинг формализира трипартитен однос меѓу Кина, Русија и Северна Кореја пред јавноста“, изјави за AFP Су Ким, консултант за геополитички ризик и поранешен аналитичар на ЦИА.