Словачкиот премиер Роберт Фицо ќе одржи билатерални средби со кинескиот претседател Кси Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин на одбележувањето на годишнината за Втората светска војна во Пекинг оваа недела.
Потоа, тој ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски во источна Словачка во петок, се вели во соопштението. Фицо ќе биде единствениот лидер на земја-членка на Европската Унија што ќе присуствува на церемонијата во Пекинг. Таму ќе бидат и лидерите на Северна Кореја, Иран и Мјанмар.
„Ја почитувам секоја жртва на борбата против фашизмот, поради што претходно стоев со почит пред спомениците во Москва, Нормандија и Вашингтон“, рече Фицо.
„Лично жалам, и признавам дека не разбирам зошто, од земјите-членки на ЕУ, само Словачка ќе биде присутна во Пекинг. Се гради нов светски поредок, нови правила на мултиполарен свет, нова рамнотежа на моќ, што е исклучително важно за стабилноста на светот“, рече тој.