ДИК: Поднесени 69 предлози за независни кандидати за градоначалници

Макфакс

02/09/2025

15:49

169

Големина на фонт

а а а

По завршување на рокот, заклучно со 01.09.2025 година до 24 часот, до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија за поднесување на предлози за кандидатски листи за група избирачи со најмалку два потписи на избирачи, доставени се вкупно 69 иницијативи за предлагање на листи за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје и 68 иницијативи за предлагање на листи на советници за советите на општините и советот на Град Скопје.

Листите на кандидати за членови на советот и листата на кандидат за градоначалник на општината, заедно со евидентираните потписи како предлог и целокупната друга документација согласно законските услови и според Упатството на ДИК за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатслите листи за локални избори 2025 година се поднесуваат до ОИК до 13 септември 2025 година, до 24 часот, кои одлучуваат за потврдување на истите.

Потписи за независни кандидати за градоначалници се собраа за општините Пробиштип, Македонска Каменица, Куманово, Крива Паланка, Охрид, Дебарца, Прилеп, Долнени Струга, Дебар Струмица, Радовиш, Брвеница, Свети Николе, Гевгелија, Демир Капија, Кичево, Македонски Брод, Кочани, Чешиново Облешево, Битола, Могила, Новаци, Ресен, Гостивар, Демир Хисар, Виница, Сарај, Центар, Аеродром,Карпош , Шуто Оризари, Арачиново, Кисела Вода, Зелениково, Студеничани, Чучер Сандево и градоначалник на Градот Скопје.

Потписи за независни листи за членови на советите на општините и советот на Градот Скопје се собраа за општините Пробиштип, Македонска Каменица, Куманово, Старо Негоричане, Охрид, Дебарца, Прилеп, Долнени, Струга, Дебар, Босилово, Ново Село, Струмица, Тетово, Штип, Свети Николе, Лозово, Кичево, Македонски Брод, Кочани, Чешиново Облешево, Кавадарци, Битола, Могила, Ресен, Демир Хисар, Карпош, Сарај, Центар, Чучер Сандево, Кисела Вода, Зелениково, Студеничани и за советото на Градот Скопје.

Кон листите за кандидати поднесени од група избирачи, покрај Образецот за собрани потписи за листата за градоначалник на општината односно Градот Скопје и/или листа на кандидати за членови на советот на општината односно советот на Градот Скопје, се доставуваат и сите документи кои се потребни согласно Упатството за начинот и постапката за поднесување на прием и потврдување на кандидатски листи за локалните избори 2025 кое е објавено на официјалната веб страна на Државната изборна комсија. Рокот за собирање на потписите заврши ноќеска, 01 септевмри 2025 година во 24 часот на полноќ.