Во Србија веќе се отвори нова страница во пензискиот систем: мајките ќе добиваат „посебен стаж“ кој директно ќе им ја зголеми идната пензија.
Од 2032 година ова право ќе го имаат и оние со едно или две деца, додека мајките со три и повеќе деца ќе може да аплицираат веднаш.
Со тоа, на пример, жена која има 30 години работен стаж, ќе биде третирана како да има 32.
Разликата на хартија изгледа скромно, но во реалноста – тоа значи повисока пензија, повеќе сигурност, па и една доза признание за нешто што одамна требаше да биде вреднувано: мајчинството.
Системот не е измислен во Белград – напротив, Србија само го следи патот на дел од земјите во ЕУ.
Во Германија уште во 2014 година се воведе дополнителен стаж за мајките (и татковците, па и старатели и баби и дедовци) со што милиони жени добија повисоки примања на старост.
Од 2027 година таму дури и ќе се исплаќаат по 20 евра месечно по дете. Слични мерки има и во Австрија, Франција, Шведска…
А кај нас? Македонија одамна ја води истата битка со демографијата – празни села, младите заминуваат, бројот на новороденчиња паѓа од година во година.
Прашањето кое сè почесто се поставува е дали државата ќе има храброст да воведе вакви мерки и кај нас.
Да, тоа би чинело пари. Но ако не се вложи сега, ќе платиме уште поскапо подоцна, кога цел еден систем на пензиско осигурување ќе почне да се ломи под тежината на бројките.
Економистите предупредуваат: буџетот е веќе на раб, но со внимателно моделирање на системот – можеби постепено воведување или ограничување на поволностите само за мајки со повеќе деца – државата би можела да го издржи товарот.
Од друга страна, ова не е само финансиска мерка, туку и јасен сигнал дека мајчинството е општествена вредност.
Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.