Кремљ бесен поради малолетната Алиса и приказната за таткото на Путин: Авторите на книгата на црна листа „Означени се за смрт, ќе мора да внимаваат до крајот на животот“

Точка

26/08/2025

18:02

1.038

Големина на фонт

а а а

Авторите на книгата за Путин се најдоа на црната листа на Кремљ, во неа се споменува Алиса Харчева, која на 17 години позирала за еротски календар, како и наводното насилно минато на таткото на рускиот претседател.

Роман Баданин (46) и Михаил Рубин (42), автори на книгата „Царот лично: Како нè излажа Владимир Путин“, предизвикаа голема вознемиреност со своето најново дело.

Во шокантната книга се тврди дека рускиот претседател имал тајна афера со тогаш седумнаесетгодишната Алиса Харчева, која позирала за еротски календар. Дополнително, авторите го опишуваат и неговиот татко, Владимир Спиридонович Путин, како насилен човек кој наводно и ископал око на жена со виљушка.


Според тврдењата, соработниците на Путин наводно организирале Харчева да ја посети неговата приградска резиденција по објавувањето на нејзиниот провокативен календар. Во книгата се наведува дека таа се запишала на престижниот московски „MGIMO“ благодарение на врските со Путин, иако претходно неколкупати паднала на приемните испити. Критичарите тоа го нарекуваат „Путиновата награда“.

Харчева во 2015 година купила луксузен стан во Москва преку бизнисменот Григориј Баевски, соработник на олигархот Аркадиј Ротенберг, еден од најстарите пријатели на Путин.


Приказната за насилниот татко

Претходно, независниот руски портал „Proekt“ објави шокантна приказна од младоста на родителите на Владимир Путин, која исто така е опишана во новата книга.

Според сведочења, неговиот татко Владимир Спиридонович Путин, како дваесетгодишник, во напад на бес ја нападнал својата 17-годишна сосетка Марија Ивановна (Марусја) со виљушка, ископувајќи и око.

Инцидентот се случил во 1928 година во село во Тверската област. По нападот, Марија морала хируршки да го извади окото, а нејзината мајка го принудила Путин постариот да ја ожени за да избегне судење.


„За девојка на тие години, тоа беше срамота: кој би се оженил со ’дефектна‘ жена?“, пренесува „Proekt“, повикувајќи се на сведоштво на селанката Анфиса Кормилица.

Марија до крајот на животот носела стаклено око, избегнувала погледи и секогаш ја наведнувала главата кога зборувала.

Според авторите, Путин постариот бил познат по насилно и вулгарно однесување кон девојчињата. „Сакаше да им ги крева здолништата и да им ги врзува над главата за момчињата во селото подобро да им ја видат долната облека“, раскажала Анфиса, а ја цитирал коавторот Роман Баданин.


Верзијата на Путин: „Моите родители беа совршени“

Самиот Владимир Путин никогаш не зборувал за овие детали. Напротив, често истакнува дека неговите родители биле примерни.

„Никогаш, нагласувам никогаш, не сум го видел мојот татко пијан. Никогаш не сум слушнал пцост од неговата уста. Истото важи и за мојата мајка“, рече рускиот претседател минатата година.

Авторите на книгата, меѓутоа, тврдат дека Путин систематски ги крие личните и семејни детали.


„Во Русија, лагите и измислиците ја заменија вистината и историјата. Вистинските биографии се забранети и избришани од сеќавањето, а медиумите уништени. Оттогаш може да се лаже за апсолутно сè“, наведува „Proekt“ во текстот за книгата.

Според извори блиски до безбедносните служби, авторите Баданин и Рубин би можеле да се најдат во големи неволји.

Како што пренесува „Radar Online“, рускиот лидер наводно ги додал двајцата истражувачки новинари на својата „црна листа“ по објавувањето на новата биографија.


Книгата предизвика директни закани од Москва поради истрагата за приватниот живот и семејната историја на Путин.

„Кога авторите ја разоткриваат Путиновата лична корупција, тие се означени за смрт. Оваа книга го разоткрива него и неговото семејство, поради што се на неговата долга црна листа. Ќе мора да внимаваат до крајот на животот, каде и да живеат“, изјави еден извор за „Radar Online“.

Друг извор додаде дека „Кремљ сака овој материјал да биде закопан“.

„Путин е ужаснат што е претставен како предатор и син на лудак“, нагласи истиот извор.