Со оглед на тоа дека беше хаотично изминатиот период вадењето на нов пасош, многу луѓе си го поставуваат прашањето дали има законски проблем доколку постои разлика во адресата на живеење која е наведена во пасошот со онаа која е наведена во личната карта.
Изминативе години често се менуваат имињата на улиците, па веројатно огромен број на луѓе имаат различни адреси на живеење во пасошот и во личната карта.
Во Македонија, нема законска обврска за задолжителна промена на пасошот доколку се разликува адресата на живеење со онаа која е во лична карта, односно според член 26 став (1) и член 26-а став (1) од Законот за патните исправи, при промена на име, презиме, датум на раѓање, пол или ЕМБГ, обврска е да се предаде и поништи пасошот во рок од 30 дена и да се извади нов.
За разлика од Македонија, кај нашите соседи во Србија, според Законот за патни исправи, кога го менувате местото на живеење, должни сте да ги ажурирате и информациите во вашиот пасош, бидејќи тоа не следува автоматски по промените од личната карта.
Според Министерството за внатрешни работи, доколку не се поднесе барање за промена на живеалиштето во пасошот, граѓаните можат да бидат казнети со парична казна од 5.000 до 50.000 динари или дури и со затворска казна до 30 дена.
Извор: Денар.мк