Додека Канје Вест „тоне“ во долгови, Бјанка Ценсори ги претвора бизарните настапи во личен извор на приход: За секој добива по 250.000 долари

Точка

26/08/2025

14:49

1.148

Големина на фонт

а а а

Хаотичната кариера на Канје Вест долго време е обележана со контроверзии, откажани деловни договори и екстраваганција.

Но, додека раперот наводно тоне сè подлабоко и подлабоко во долгови, неговата сопруга Бјанка Ценсори, според информирани извори, ги претвора нивните бизарни јавни настапи во личен приход и трпеливо го гради своето богатство.


Бизарни настапи како извор на приход

Според странските медиуми, Ценсори била богато платена за да учествува во екстравагантните настапи што станале заштитен знак на двојката. Изворот тврди дека Вест плаќа околу 250.000 долари за секој таков „потфат“, вклучувајќи и наместен бакнеж со јазик што го споделиле на забава во Јужна Кореја пред еден од неговите концерти.


„Принудувањето да ги прави овие екстремни работи и давањето многу пари за да го прави тоа е врвниот чин на финансиска доминација за Канје“, изјавил извор за странските медиуми. „Тој ужива во тоа, а таа заработува пари од неговиот фетиш“, додаде изворот.

Финансиска подготовка за животот по Канје

Но, наместо да ги троши добиените пари, Ценсори наводно ги штеди, подготвувајќи се за можен живот по Вест. „Таа е многу паметна и сè штеди. Се шпекулира дека моментално има близу 10 милиони долари, можеби и повеќе, па кога сето ова ќе заврши, ќе има убава залиха за која смета дека ја заработила трпејќи ги неговите глупости“, тврди изворот.


Поранешната архитектка на „Yeezy“ наводно ги гледа своите сегашни околности не само како можност за медиумско експонирање, туку и како „отскочна даска“ за нова кариера.

Вест има сè помалку пари и сè повеќе долгови

Додека Ценсори наводно напредува финансиски, империјата на Вест се чини дека е во слободен пад. На раперот (48) му е забрането да настапува во неколку земји поради неговите контроверзните изјави, поради што останал без значаен извор на приход. Неговите профитабилни договори се откажани, неговите инвестиции во недвижнини пропаднаа, а неговите трошоци продолжуваат да излегуваат од контрола.


„Проблемот на Канје е што му снемува готовина“, рече упатен извор и додаде: „Ќе заврши катастрофално“.

Вест неодамна го стави на продажба својот стан во Калабасас, кој му припадна по разводот од Ким Кардашијан во 2022 година. Цената што се бара е нешто помалку од 3 милиони долари, износ што изворите го опишуваат како „ситница“ во споредба со долговите со кои се соочува. Извештаите сугерираат дека тие долгови, кои би можеле да достигнат милионски износи, вклучуваат неплатени даноци и казни.