[ВИДЕО] Наивна жена добила ново БМВ затоа што поверувала во првоаприлска шега

Точка

22/08/2025

15:38

1.613

Големина на фонт

а а а

На 1 април оваа година, компанијата БМВ започна кампања на која пишуваше „Донесете кој било стар автомобил и ќе добиете ново БМВ“. Сите мислеа дека е првоаприлска шега, освен Тијана Марш, која во тоа време доби нов автомобил БМВ вреден 50.000 евра- објави Бизпортал.

Компанијата БМВ, како и другите производители на автомобили, секоја година ги пласира првоаприлските шеги на пазарот. За да ја продолжи традицијата, брендот создаде реклама што се појави на страниците на весникот со најголем тираж во Нов Зеланд.

Производителот на автомобили во рекламата изјави дека ќе го замени својот сосема нов БМВ Серија 1, вреден 50.000 евра, за автомобилот на првиот клиент што ќе се појави во салонот наутро и ќе каже „Го барам Том“.

Тијана Марш, жителка на Окленд, Нов Зеланд, се разбудила многу рано наутро, ја видела рекламата на БМВ на насловната страница на весникот „Хералд“ и отишла во салон за автомобили со својот 15 години стар „Nissan Avenir“, пренесува инстаграм -страницата на „Интерес“.

Не верувајќи ни во вистинитоста на рекламата, Тијана пристигнала на вратата од салонот во 05:30 часот наутро и чекала да биде примена. Покрај големиот автомобил, г-ѓа Марш освоила и плакета за настанот, како и курс за возење „BMW Driving Experience“.