Тука ќе биде најскапата патарина на светот – преминувањето преку мост долг 3,66 километри претерано скапо

Точка

18/08/2025

15:00

3.163

Големина на фонт

а а а

Патарината за премин на најголемиот мост на светот која ќе ги поврзува копнениот дел од Италија со Сицилија, ќе чини 10 евра.

Имено, за преминување на мостот долг 3,66 километри преку Месинскиот мореуз, патарината ќе биде најскапа на светот и граѓаните ќе мора да издвојат дури 10 евра.

Италијански „Ла Стампа“ наведува дека оваа патарина ќе биде 3.540 отсто поскапа од просечните италијански патарини на автопатиштата.


„Иако многумина ќе се прашуваат дали тие 3,66 километри вредат колку цена на еден пијалак, сепак тоа веројатно никогаш нема да го дознаат. Мостот не е наменет да се разбере туку наменет е за преминувањето преку него да се плати. Цената од 10 евра за преминување на мостот преку Месинскиот мореуз веројатно ќе биде најскапа патарина на светот“, пишува италијанскиот весник.

Да ве потсетиме, владата на Џорџа Мелони одобрила градење на мост вреден 13 милијарди евра којшто би ја поврзувал Сицилија со копнениот дел од Италија, оживувајќи го контроверзниот проект за којшто Рим сега тврди дека е клучен за националната безбедност.


„Мостот преку Месинскиот мореуз претставува темелна инфраструктура во контекст на воена мобилност со оглед на присуството на важни НАТО бази на југот од Италија“, се наведува во извештајот на италијанските власти од април.