На докторите им е добро познат, а во народот е пренесуван од колено на колено – овој руски напиток го јакне имунитетот и со векови се користи за децата и возрасните полесно да ја издржат зимата и да бидат поотпорни на вируси.
Се ближи септември и почеток на новата школска година, родителите најмногу се грижат за децата, по враќањето во колектив, додека не почнат да се борат со честите настинки и вируси.
Токму поради тоа, многу руски семејства и денес прават народни напитоци за јакнење на имунитетот кои се пренесуваат со генерации.
Овој рецепт е едноставен, вкусен и целосно природен, се прави од состојки кои веќе ги имате во кујната, а особено е погоден за децата затоа што нема вештачки додатоци.
Состојки:
- 200 грама мед (по можност домашен багремов или ливадски);
- 200 грама ореви;
- 2 поголеми лимони (органски, со кора);
- 100 грама суво-грозје;
- 100 грама свежо рендан ѓумбир (или 1 лажичка во прав).
Подготовка
Лимонот измијте го убаво, по можност потопете го во топла вода со лажичка сода бикарбона и измијте го.
Иситнете ги оревите и сувото-грозје во блендер или сечко.
Додадете исечкан лимон со кора (извадете ги семките). Ставете ги сите состојки во блендер, па додадете го ренданиот ѓумбир и мед.
Добиената смеса ставете ја во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер.
Како се користи?
Деца: 1 кафена лажичка наутро пред појадок.
Возрасни: 1 супена лажица дневно, најдобро на празен стомак.
Се препорачува редовна употреба во текот на есен и зима.
Зошто овој напиток делува?
1. Медот е природен антисептик и моќен имуностимулатор.
2. Оревите содржат здрави масти и минерали кои го хранат мозокот и ја зголемуваат енергијата.
3. Лимонот обезбедува витамин Ц и ја јакне отпорноста на организмот.
4. Ѓумбирот помага во борбата против вируси и ја забрзува циркулацијата.
5. Сувото-грозје е богато со антиоксиданти и природни шеќери за енергија.
Овој руски рецепт за имунитет не е лек, но може да биде од голема помош во јакнење на организмот, особено за децата пред да почнат на училиште.
Наместо суплементи полни со адитиви, децата со задоволство ќе го консумираат овој природен и сладок напиток.