Кремаст ручек или вечера готов за 30 минути: Рецепт за најубавите Алфредо тестенини во кои ќе уживате со сите сетила

Точка

22/08/2025

16:00

277

Големина на фонт

а а а

Сочното јадење на италијанската кујна, Алфредо тестенините, можат да ги подготват и почетници во кујната.

Богатите и кремасти тестенини во бел сос се идеални за сите кои ја сакаат италијанската кујна.

Многу лесно се подготвуваат, го обожуваат и почетници во кујната, а вкусот е неодолив.

Рецептот за најубави Алфредо тестенини готови за 30 минути.


Состојки:

- 600 грама суви тестенини;
- 1 шолја путер;
- 400 милилитри павлака за готвење;
- сол, бибер по вкус;
- прстофат лук во прав;
- ¾ шолја рендан пекорино;
- ½ шолја рендан пармезан.


Подготовка:

Во големо тенџере ставете вода и додадете сол, а кога водата ќе почне да врие варете ги тестенините од 8 до 10 минути или додека не бидат al dente. Потоа процедете.

Во големо тенџере ставете го путерот да се стопи, па додадете ги зачините. Малку зголемете ја температурата на огнот и измешајте ги пекориното и пармезанот додека не се стопи, а сосот не згусне.

Додадете ги сварените тестенини и мешајте додека целосно не се помешаат со сосот.

На здравје!