Нов скандал за Џастин Балдони: Го тужи и млада актерка од филмот „Ова завршува со нас“

Точка

19/08/2025

20:59

459

Големина на фонт

а а а

Драмата околу филмот „Ова завршува со нас“ (It Ends With Us) не запира. Додека се наближува судењето меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони, закажано за март 2026 година, во случајот се вклучи и третата актерка – Исабела Ферер.

Ферер, која во филмот ја толкува помладата верзија на ликот на Блејк Лајвли, поднела тужба против Балдони поради, како што наведува, негово „непримерно однесување“ кон неа откако примила судски повик.

Ферер е повикана како сведок во постапката што ја покрена Лајвли. Откако доставила барање продукциската куќа на Балдони да ги покрие нејзините правни трошоци, што според договорот ѝ следува, добила неочекуван одговор.


Тврди дека ѝ се заканувал и се обидел да ја манипулира

Адвокатите на младата актерка тврдат дека тимот на Балдони побарал таа најпрво да им го достави својот одговор на судскиот повик, а дури потоа би добила исплата на трошоците. Според тужбата, од тој момент Балдони започнал да се обидува да ја манипулира, да ѝ се заканува и да воспостави контрола врз неа.

Нејзиниот правен тим дополнително посочува дека Балдони поднел и правен предлог против Ферер, што тие го сметаат за обид за вознемирување и создавање дополнителен притисок. Како резултат на тоа, Ферер почнала да прима навредливи пораки и закани преку социјалните мрежи.

„Ова е само уште еден пример за однесувањето на Балдони, со кое тој се обидува да ја заплаши и уценува мојата клиентка“, се наведува во поднесокот на нејзините адвокати.

Неговата тужба беше отфрлена


Да потсетиме, случајот започна кога Блејк Лајвли го обвини Балдони, кој е и режисер и актер во филмот, за сексуално вознемирување. Тој возврати со противтужба вредна 400 милиони долари против Лајвли и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс, обвинувајќи ги за клевета и уцена. Сепак, во јуни оваа година неговата тужба беше отфрлена.