[ВИДЕО] Северина објави видео од концертот во Нова Градишка, публиката викала: „Вучиќ, пе*ер...“

Точка

19/08/2025

12:04

923

Големина на фонт

а а а

Пејачката Северина во саботата настапувала пред 20.000 луѓе во Нова Градишка. Таа на социјалната мрежа Инстаграм објавила видео од концертот.

„Градишка, Пумпај“, вика Северина на почеток од видеото, а публиката ѝ одговара „Пумпај“.

Потоа на кратко се слуша како публиката вика: „Вучиќ, пе*ер“. Потоа Северина ја запеала својата нова песна со наслов „Пумпај, Севе брате“.

Северина исто така одржала и говор во којшто меѓу другото, кажала и дека „некои злобни луѓе ги убивале нашите деца, а сега ги убиваат своите“. Потоа ја испеала песната „Роџено моје“, посветена на нејзиниот син Александар.

„Мора да го слушнете (до крај видеото) како Нова Градишка пумпа на (пре)јако“, напишала во описот на видеото Северина.


Слоган на српските студенти

„Пумпај“ е слоганот на српските студенти кои веќе со месеци протестираат ширум Србија, барајќи одговорност за настраданите 15 луѓе на новосадската железничка станица. Овој слоган се користи како мотивација, а со него студентите и граѓаните се бодрат на протестите. Откако почнаа протестите во Србија, Северина им ја дава целосната поддршка, а неколку пати на своите концерти им испратила и порака.