[ВИДЕО] Снимка од бебе со сериозен израз на лицето ги освои мрежите: „Има проблеми со довербата“

Точка

06/12/2025

12:50

455

Големина на фонт

а а а

Снимката од симпатично бебе со сериозен израз на лицето ги освои социјалните мрежи. Тоа делувало како да се чуди на својата околина, што насмеа многу интернет корисници.

Педијатарот од Индија, Химаншу Шах, ја сподели снимката на својот профил на „Инстаграм“ и напиша: „Ова бебе има проблеми со довербата“.

Видеото собра повеќе од 40 милиони прегледи и има речиси два милиона лајкови. Корисниците на социјалните мрежи веднаш почнаа да го споредуваат со строг професор, директор на фирма или некој што има многу работи на ум.


„Тој е во шок. ‘Зошто повторно дојдов?’“, „Кои се овие луѓе и зошто зјапаат во мене?“, „Очигледно не е импресиониран“, „Она кога се раѓаш како сериозен човек“, коментираа тие.

Малечкото, кое изгледа како прерано да се соочило со големи животни грижи, продолжува да го освојува интернетот.