Клаудија Гадјучкина, најстарата жена во Русија и петата најстара личност на светот, почина неколку дена пред својот 115-ти роденден, соопшти канцеларијата на гувернерот на Јарославската област.
Гадјучкина е родена на 5 декември 1910 година и го преживеала две светски војни, октомвриската револуција и распадот на Советскиот Сојуз.
Гувернерот на Јарославската област, Михаил Јеврајев, истакна дека Клаудија официјално е вклучена меѓу петте најстари луѓе на светот според евиденцијата на меѓународната организација „LongeviQuest“.
Тој додаде дека во Русија „поставила апсолутен рекорд по долговечност“.
Гадјучкина еднаш изјавила дека се смета себеси за среќна личност:
„За да живеете долго и среќно, мора да работите и да се однесувате љубезно кон сите“, а со тоа го истакна тајниот рецепт за долговечност.
По нејзиното заминување зад себе остави шест внуци, осум правнуци и пет праправнуци.






