Техниката 3-6-9: Тесла ја обожавал оваа моќна метода за манифестација – запишете ја желбата и очекувајте чудо

Точка

06/12/2025

16:00

699

Големина на фонт

а а а

Никола Тесла ја користел моќта на манифестацијата за да ги оствари своите визии. Дознајте како и вие може да го примените неговиот едноставен трик и да привлечете добри промени во својот живот.

Бројките 3, 6 и 9 не се обични бројки, според верувањата и анегдотите кои се поврзуваат со Никола Тесла, тие имаат посебна енергетска фреквенција.

Овој голем научник наводно ги сметал за клуч на универзумот. Неоспорно е дека обрасците на овие броеви имале важна улога во неговиот начин на размислување.


Врз основа на тие бројки позната е методата 3-6-9 која со малку повеќе фокус и дисциплина ветува остварување на нашите желби.

Како се применува техниката 3-6-9?

Во основата на оваа метода се наоѓа праксата на запишување на афирмацијата – реченица која го изразува она што го сакаме, но во сегашно време, како тоа да е дел од нашата реалност. Пишувањето во одредени временски интервали, по точен број на повторување, создава мисловен фокус којшто според законот за привлекување, го привлекува саканиот исход.

Еве како изгледа дневната рутина

Наутро запишете ја афирмацијата 3 пати.

Попладне или во текот на денот 6 пати.

Навечер пред спиење 9 пати.

Афирмациите можат да бидат едноставни, но моќни, на пример: „Добив зголемување на платата и благодарна сум за тоа“, „Мојот приход секој ден расте“, „Среќна сум и сакана во здрава врска“.

Важно е речениците да бидат позитивни, јасни и да ги пишувате со емоција. Многумина советуваат во текот на пишувањето да ги затворите очите и да го замислите чувството кое би го имале доколку желбата ви се оствари.


Зошто броевите 3, 6 и 9 се толку посебни?

Според универзумот на Тесла, овие броеви носат симболична и духовна сила.

3 – креативна сила, инспирација поврзаност со виши сили.

6 – рамнотежа, стабилност, внатрешна моќ.

9 – крај на еден циклус и почеток на нов, трансформација.

Оваа секвенца го отсликува природниот тек на манифестација: од идеја, преку стабилизација на намерата, до отпуштање и остварување.

Најважно е да останете истраен, да верувате во процесот и паралелно да делувате во состав со вашата желба. Пишувањето афирмација не е замена за трудот, но може да помогне во создавање ментален и емоционален склоп којшто води кон целта.