Нуњез со емотивна порака се одјави од Ливерпул

Дерби

11/08/2025

13:51

258

Големина на фонт

а а а

Дарвин Нуњез нема повеќе да го гледаме во дресот на премиерлигашот Ливерпул, дрес кој го носеше во претходните три години.

Англискиот првак доби прифатлива понуда од Ал Хилал, а потоа и Уругваецот кажа „ДА“ за преселбата во Саудиска Арабија.

Нуњез се надева дека токму под водство на Симоне Инѕаги ќе ја врати старата форма и ритам, но пред да тргне во таа мисија тој со емотивна порака се збогуваше од клубот од „Енфилд Роуд“.

- Ти благодарам, Ливерпул. Три години подоцна, време е да се збогувам. Ќе понесам со себе безброј спомени што ќе живеат со мене засекогаш. Заминувам со полно срце, благодарение на љубовта на публиката што никогаш не ме разочара и секогаш ми беше на грб – во добрите и лошите моменти.

- Ливерпул секогаш ќе биде дел од мене. Ќе ми недостигате повеќе отколку што можат да се искажат зборовите. На целиот стручен штаб и на моите соиграчи – ви благодарам и ви посакувам се најдобро во иднина, - порача Дарвин.