[ВИДЕО] На ватерполо натпревар се слушнаа истрели: Ватерполистките веднаш излегоа од базенот и легнаа на под

Точка

12/08/2025

15:04

2.086

Големина на фонт

а а а

На Светското првенство во ватерполо за жени до 20 години, за време на натпреварот меѓу Кина и Канада, пред крајот на втората четвртина се слушнаа истрели. Полицијата реагираше и ја отстрани опасноста, по што мечот продолжи.

Станува збор за натпревар од првото коло, кој Кинеските ватерполистки го добија со резултат 12 – 8. На снимка што кружи по социјалните мрежи се слушаат неколку истрели, по што играчките почнуваат да пливаат кон работ на базенот. Тие излегуваат од водата и легнуваат на подот, а целата ситуација траеше неколку минути. Во тој момент резултатот беше 3 – 2 за Кина, а се играше втората четвртина.

„Натпреварот беше прекинат околу една минута. Нашиот тим виде дека полицијата ја решава ситуацијата“, изјави Марко Антонио Лемос, претседател на Сојузот за водени спортови на сојузната држава Баја.

Подоцна полицијата соопшти дека станува збор за наводна престрелка меѓу полицијата и локален крадец, кој се наоѓал надвор од спортскиот објект и се обидел да избега, но точните детали не се познати. Полицијата на крајот ја елиминираше опасноста и натпреварот продолжи. Навивачите на трибините во моментот не знаеле што се случува, а објаснувањето го добиле дури откако мечот бил продолжен.