Тимот на Сантош врза две победи во низа и со тоа избега од зоната за испаѓање во првата бразилска лига.
Новиот триумф дојде рано утрово и тоа на гостински терен против Крузеиро од 2-1, меч во кој во листата на стрелци не се запиша Нејмар, но првата ѕвезда имаше неколку одлични потези со кои се најде во фокусот на јавноста.
Особено внимание му се даде на магијата во второто полувреме кога со атрактивен дриблинг, потези го „исфрли од копачки“ противничкиот дефанзивец Фабрисио Бруно.
NEYMAR JR SENDO NEYMAR JR! 🕺🏽✨ pic.twitter.com/gd33v3D9yv
— Santos FC (@SantosFC) August 10, 2025
— Pmg vídeos (@PmgVideos) August 10, 2025