Алваро Мората веќе некое време постојано е во процес на менување на клуб, а така ќе биде и во овој преоден рок.
Шпанецот требаше да биде дел од Галатасарај или поточно да продолжи позајмицата која беше активна, но калчолигашот Комо влезе во оваа приказна и притискаше да го добие напаѓачот.
Милан беше подготвен за соработка и зделка, но проблем беше турскиот шампион кој не сакаше да го прекине заемот или поточно бараше обештетување. По долго време се најде решение и Галата ќе добие 5 милиони евра со што е надминат последниот проблем и сега Мората ќе може да му се стави на располаагње на Сеск Фабрегас.
Алваро оди на позајмица во Комо, клуб кој ќе има обврска да го откупи за 10 милиони евра.