Тотенхем посакува ѕвезда на Сити, „граѓаните“ даваат „зелено светло“

Дерби

11/08/2025

13:45

218

Големина на фонт

а а а

Тотенхем е премногу тивок во овој преоден рок или поточно се очекуваше многу повеќе од него со оглед на тоа што пристигна нов тренер во името на Томас Франк, а плус екипата ќе игра во Лигата на шампионите.

Меѓутоа има простор и време оваа ситуација да се промени и последните вести кои доаѓаат се дека „петлите“ посакуваат офанзивец на Манчестер Сити. Тотенхем е заинтересиран за Савињо, фудбалерот кој минатата година пристигна на „Итихад“, сезона која може да се покаже како единствена во овој клуб.

Имено Сити е подготвен за преговори и потенцијална разделба со Бразилецот под услов да добие понуда која ќе биде доволно за да се комплетира ваква операција.

Савињо исто така е отворен за преселба во Лондон што значи останува сега да се види дали двата тима можат да постигна договор и да се подадат рака.