Барселона беше доминантна во соочувањето со Комо (5-0) и го освои трофејот во „Жоан Гампер“ Купот.
Избраниците на Флик покажаа сила, моќ против амбициозниот италијански провлигаш, меч кој го решија уште во првиот дел кога четирипати го матираа противникот.
Два од тие погодоци беа дело на Фермин Лопез кој потоа го понесе признанието за играч на натпреварот. Ова беше добар момент тој да се огласи и да разјасни некои дилеми околу неговата иднина со оглед на тоа што се поврзуваше со премин во Премиер лигата.
- Беше одличен меч од целиот тим и тоа ќе биде добро. Трудот е неспорен, притисокот е исто така голем, како и минатата година, кога се покажавме многу добро. Ајде да продолжиме вака. Сакам да останам тука, тоа е мој сон и ќе останам, среќен сум што ќе му помогнам на тимот. Многу работи се кажани, но ќе продолжам да ги бранам овие бои и да работам напорно како и секој друг, па каталонците можат да бидат мирни, -порача Лопез кој има договор до 2029 година.