Пристигна втората сезона од една од најпопуларните серии на „Netflix“ – „Wednesday“.
По тригодишна пауза, „Wednesday“ се врати на „Netflix“. Првиот дел од втората сезона беше објавен на 6 август, додека вториот ќе биде достапен на 3 октомври. Новите епизоди засега имаат оценка од 82% на „Rotten Tomatoes“, додека првата сезона има 77%.
За што станува збор во втората сезона?
Во оваа сезона, Среда се соочува со потемно и покомплексно патување кое вклучува стара школа, нови непријатели и постојани семејни тензии.
Во втората сезона Среда се враќа во училиштето „Nevermore“, каде што ја пречекува нов директор. Во училиштето ја дочекува и група тинејџерки опседнати со неа, меѓу кои посебно се истакнува Агнес (Evie Templeton). Сепак, она што ја менува Среда е една застрашувачка визија.
Во трејлерот, кој предизвика големо внимание кај обожавателите, главната хероина Среда Адамс е прикажана со црни солзи што ѝ се слеваат по лицето — симбол на визијата што ја прогонува. Во една од клучните сцени, нејзината мајка, Мортиша Адамс, со сериозност прашува: „Знам што значат тие солзи. Што виде?“ Wednesday тивко одговара: „Енид умира и сè е моја вина.“
Кој глуми во новата сезона?
Глумечката екипа на серијата „Wednesday“ и понатаму ја предводи Џена Ортега, а ѝ се придружуваат Кетрин Зета-Џонс, Луис Гузман (и Ајзак Ордониез, како членови на семејството Адамс.
Стив Бушеми ѝ се приклучил на екипата. Меѓу другите гостински актери се и Тендиве Њутон, Франсис О’Конор, Хејли Џоел Осмент и Хедер Матарацо. Ќе им се придружи и Кристофер Лојд, кој ја толкуваше улогата на вујко Фестер во филмот „The Addams Family“ (1991).
Критичарите ја фалат
Досега, критичарите се задоволни од новите епизоди. Некои дури велат дека се подобри од првата сезона.
„Колку и да ѝ биде болно на Среда Адамс да ме слушне како го велам ова, втората сезона од серијата на „Netflix“ – „Wednesday“ – ми донесе голема радост“, вели Белен Едвардс од „Mashable“.
„Почетното одложување од речиси три години би уништило послаба серија, но силно привлечната втора сезона на серијата „Wednesday“ докажува дека вредеше да се чека“, заклучува Ед Пауер од „Daily Telegraph“.
„Оваа серија е хаос на најдобар можен начин, конечно ја оправдува популарноста што ја заслужи првата сезона (можеби неправедно). Втората сезона прави токму она што треба. Се надоврзува на она што ја направи првата сезона толку популарна, а истовремено ги подобрува работите што не функционираа“, пишува Дејвид Опи од „Radio Times“.
„Сезоната останува подеднакво возбудлива како и првата... Сè уште е исто толку чудна, привлечна и ненаситна како што беше кога првпат беше премиерно прикажана пред три години“, вели Арамиде Тинубу од „Variety“.
Една од најуспешните серии
„Wednesday“ е една од најуспешните серии во историјата на Netflix. Се најде на листата на најгледани наслови досега. Првата сезона помина 20 недели меѓу 10-те најгледани серии во светот и достигна Топ 10 во 93 земји со 252,10 милиони прегледи.
Првата сезона на серијата „Wednesday“ доби 12 номинации за Еми наградите во 2023 година и освои четири.