[ФОТО] Поранешна „спајсица“ го воодушеви светот со своето тело: А само да ги видите стомачните!

Точка

07/08/2025

21:52

468

Големина на фонт

а а а

Поранешната членка на некогашната група „Spice Girls“, пејачката Мел Си, воодушеви со својот изглед на 52-годишна возраст.

Изгледа дека „спајсиците“ повторно се во центарот на вниманието овие денови. Прво имавме можност да ја следиме третата свадба на Мел Би, а сега на ред дојде и Мел Си.

Пејачката неодамна беше фотографирана на Ибица, каде уживаше во летните задоволства заедно со својот партнер, моделот Крис Дингвол.


Сепак, најголемото внимание на фотографите го привлече извајаното тело на Мел во црно бикини.

Без филтри или апликации за разубавување, нејзините стомачни мускули беа повеќе од видливи, и сигурни сме дека и машкиот дел од популацијата би ѝ позавидел на ваквиот изглед.

Според медиумите, парот уживаше во пливање, летното сонце и квалитетно друштво.

Инаку, Мел Си досега беше прилично повлечена и ги криеше своите врски од јавноста, а има 16-годишна ќерка, Скарлет, со поранешниот партнер Томас Стар.