[ФОТО] Популарната пејачка позирала во долна облека, никогаш пожешка: Проговорела и за сексуалниот живот – тоа ми е возбудливо...

Точка

27/07/2025

14:00

5.255

Големина на фонт

а а а

Пејачката Кристина Агилера уште еднаш покажа дека е огнена дама, а нејзините настапи со години за многумина остануваат запаметен.

Кристина овојпат се соблекла по долна облека, па заводливо позирала. Оваа „џебна Венера“, како што многумина ја нарекуваат, покажала поради што е една од најпосакуваните пејачки во светот на шоубизнисот и така е со години.


Кристина, позната по хитовите „Dirty“ и „Genie in a Bottle“ неодамна во отворен разговор за популарниот поткаст „Call Her Daddy“ проговорела за својата интима, љубовен живот и експериментирањето во спалната соба.

„Искрено, најдобра сум во оралниот секс. Го сакам тоа, навистина уживам. Тоа е возбудливо“, признала 43-годишнта Кристина во текот на разговорот.


Таа со години е во врска со Метју Рутлер, а открила и дека искреноста и истражувањата со партнерот се клуч на долгата врска.

„Важно е да бидете со партнер со којшто може да истражувате. Постојат многу работи кои сѐ уште не сум ги пробала, но се наоѓаат на мојата листа. За тоа треба да најдам време“.

Говорејќи за некои „диви“ места каде сака да биде интимна, Агилера признала дека студиото, тушот и авионот се меѓу омилените места.


„Звучна конзола во студио? Бев над неа неколку пати. Тоа е забавно. Авионите исто така се интересни. Знаевме да се скриеме кога седиштата се доволно големи. На меѓународните летови, кога светлата се гасат секогаш има простор за креативност. Треба да чекате кога сите ќе заспијат и да ја поставите атмосферата“, изјавила таа и додала дека никогаш не била фатена на јавно место додека има интимен однос.