Што јаде најздравиот народ на светот: Жените раѓаат и во седмата деценија, живеат по 130 години и повеќе, ретко се разболуваат

Точка

15/07/2025

21:19

4.959

Големина на фонт

а а а

На крајниот север од Пакистан, во планинската долина Хунза која се сместила во регионот Гилгит-Балтистан, сместен е народот којшто живее и до 120,130 години.

Некои од нив успеваат да го прослават и 145-от роденден пред да го напуштат овој свет.

Точниот број на години тешко е да се одреди кај нив затоа што Хунзите немаат извод на матична книга на родени, ниту докази со кои може да ја докажат својата долговечност.


Во останатиот дел од Пакистан просечниот животен век е 67 години, но на „кровот“ на светот, во изолираните Хималаи, владеат други закони на животот и смртта.

Истражувачите забележале дека жените можат да забременат во подоцнежни години, дури и во текот на 60-тите, а се смета и дека ретко заболуваат од канцер. Научниците објаснувањето го гледаат во исхраната и опкружувањето.

Хунзите пијат вода од глечери, одгледуваат сами храна, а со оглед на тоа дека се отсечени од обиколните градови, не јадат ништо преработено.

Кајсиите се често на нивното мени, а во текот на деновите на пост, па дури и месеци, не јадат ништо освен свеж сок и свежо овошје.

Месото не им е секој ден на менито, кај нив доминираат житариците и зеленчукот. Практикуваат јога, вежби за дишење и медитација.


Нивното потекло е тајно. Посветли се од сите соседни народи, а нивниот јазик (бурушаски) е посличен до баскијскиот од било кој друг јазик којшто ги опкружува.

Се претпоставува дека се потомци на воинот Александар Македонски кои не можеле да го следат, па одлучиле да останат на Хималаите.