Доктор советува – оваа состојка е број еден непријател на здравјето: Ја има и во храната за бебиња, а е полоша и од шеќерот

Точка

21/07/2025

10:27

2.338

Големина на фонт

а а а

Иако не се рекламира како шеќер и често не поминува под радарот на потрошувачите, овој адитив може да биде еден од најштетните додатоци во современата исхрана.

Според предупредувањата на угледниот американски експерт д-р Ерик Берг, тоа е „најлошата состојка број еден“ која редовно ја консумираме, а не сме ни свесни за истото.

Овој адитив се наоѓа во бројни секојдневни производи – од диетални грицки, „здрави“ јогурти и протеински шејкови, до формули за бебиња и може сериозно да го загрози здравјето, особено кај луѓето со инсулинска резистенција или дијабетес.

Малтодекстрин е синтетички јаглехидрат направен од пченка, ориз или компир. Има многу висок гликемиски индекс, дури поголем и од обичниот шеќер, што значи дека предизвикува нагло зголемување на нивото на шеќер во крвта.

За разлика од шеќерот, не мора да биде посебно означен како таков на етикетите, што отвора врата на маркетинг измамите. Поради тоа, потрошувачите кои купуваат поизводи означени со „без дополнителен шеќер“, можат да ја внесат истата количина шеќер во облик на малтодекстрин.

„Луѓето бираат „лајт“ производи мислејќи дека се здрави. Но, штом ќе го видите малтодекстринот меѓу состојките, тогаш треба да знаете дека тоа е скриен шеќер“, нагласува д-р Берг.

Брзи скокови на шеќерот – бавно оштетување

Брзата апсорпција на малтодекстринот го стимулира наглото зголемување на инсулинот, што предизвикува ненадејна промена на енергијата и глад и го зголемува ризикот од инсулинска резистенција, дијабетес тип 2, гојазност и кардиоваскуларни болести.

Покрај тоа, малтодекстринот не содржи хранлива вредност, тоа се чисти „празни калории“.

Скриени извори – каде се наоѓа?

Малтодекстринот е речиси неизбежен во преработената храна, а најчесто може да се најде во јогуртите со ниско ниво на масти, „здрави“ енергетски барови, протеински прашоци и диететски суплементи, формула за бебиња, сосови, преливи за салати и конзервирано овошје.

4 Common Ingredients That Will Kill You! - Dr. Eric Berg

4 Common Ingredients That Will Kill You! - Dr. Eric Berg

Posted by Page Virla on Thursday, July 10, 2025

Зошто индустријата го сака?

Произведувачите го користат затоа што е евтин, има неутрален вкус, брзо се раствора и го продолжува рокот на траење на производот. Покрај тоа, неговото присуство овозможува атрактивни маркетинг тврдења, како „без дополнителни шеќери“ иако ефектот на телото може да биде ист или полош.

Читајте ги состојките и внимателно со „здравите“ производи

Д-р Берг и бројни други нутриционисти предупредуваат дека мелтодекстринот се означува со друго име. За разлика од природните шеќери, овој индустриски адитив брзо го саботира нивото на шеќер во крвта и доведува до хронични состојби кои стануваат чести во современото општество.

Доколку сакате да го заштитите своето здравје, избегнувајте високо преработени производи, читајте ги состојките и што е најважно, немојте да се лажете по етикетата на производот.