На ова место летувањето е „бесплатно“: Луѓето нашле начин како да одат на море, а да ги избегнат скапите закупи

Точка

21/07/2025

16:29

2.410

Големина на фонт

а а а

На островот Крк во заливот Воз каде кампувањето е законски забрането, луѓето масовно кампуваат без никакви последици.

Цените на сместување на море се превисоки за поголем дел од хрватските граѓани кои месечно заработуваат околу 1.200 евра или помалку, колку што изнесува медијалната плата во земјата.

Откако ќе се платат кредити, сметки и храна – не останува многу. Во такви околности не е ниту чудно што на островот Крк, каде кампувањето е законски забрането, сѐ е преполно со шатори.


Иако станува збор за подрачје каде кампувањето според законите на Република Хрватска е строго забрането, реалноста на терен изгледа целосно поразлично – луѓето кампуваат без никакви последици.

„Надлежните служби немаат доволно луѓе за да можат да реагираат, што и отворено ви го кажуваат кога ќе им се јавите. Сѐ додека не избие некаков поголем пожар. Покрај тоа, шаторите им заземаат место и на дневните капачи кои не можат да дојдат до најдобрите локации“, напишал некој човек, пренесува „morski.hr“.

Немаат пари за одмор

Од „morski.hr“ се обиделе да ги контактираат надлежните институции, но безуспешно. Испратиле официјално барање до општината со прашање како планираат да го решат проблемот на постојано илегално кампување на Крк, но до објавување на текстот не добиле одговор.

Иако кршењето на законот е во основата на целата приказна, проблемот на дивото кампување може да се набљудува и низ поширока општествена призма. Имено, според најновите податоци на „Евростат“ за 2024 година, дури 27 отсто од граѓаните на Европската унија не можат себеси да си дозволат седумдневен годишен одмор надвор од дома.


Во Хрватска ситуацијата е уште полоша – дури 34,7 отсто од граѓаните не можат да си дозволат седум дена одмор, на море или во внатрешност. Тоа значи дека речиси секој трет Хрват нема можност да плати сместување, дури ниту во најосновен облик.

Во тој контекст, не е тешко да се разбере зошто поединци се одлучуваат за шатор и спиење во природа – тоа е бесплатно.