Инфлуенсер од Италија покажал што сѐ може да изеде на сицилијанскиот пазар за само едно евро – моцарела, пица, аранчини, лимонада и каноли.
За 1 евро во Македонија тешко е да замислите оброк, но во срцето на Палермо едно евро е влез во светот на вистинските сицилијански вкусови.
Популарниот инфлуенсер Фернандо Масана, познат по својот Инстаграм профил „Rockin kitchen Sicily“ станал вистинска сензација благодарение на видеата во кои покажува како во Италија, поточно на Сицилија може да јадете одлично и тоа неверојатно евтино.
Пет евра – пет вкусови на Сицилија
Во едно од најгледаните видеа, Фернандо оди на пазар во Палермо со цел за само едно евро од ставка да си направи комплетен оброк.
Прво купил свежа моцарела која внимателно му ја обвиткале во хартија, идеално за грицкање во одење. Следно било парче традиционална сицилијанска пица, позната како sfincione – дебела, мека, зачинета со домат и лук.
Не пропуштил да земе ниту аранчини – полнета топка од ориз со месо, кашкавал и зеленчук, специјалитет којшто го обожуваат мештаните и туристите. Сето тоа чинело една евро.
За освежување домашна лимонада, подготвена веднаш и послужена во пластична чаша, а за крај неодоливите каноли, крцкав десерт полнет со крем.
За само пет евра, Фернандо уживал во комплетниот оброк со сите напитоци и слатки и солени работи, а публиката воодушевено коментирала дека вакво нешто во многу од градовите не било можно.
Во продолжение, во второто видео покажал како за едно до две евра може да пробате ф’стаци, еспресо, фокача или свеж сендвич, а неговата публика секојдневно расте.