Доколку величественото издание на Кејт Мидлтон на женското финале на Вимблдон ви изгледало познато, можно е причина за тоа да биде популарната фотографија од претходната принцеза од Велс покрај Големите пирамиди во Гиза.
Секое појавување на Кејт Мидлтон во јавноста е вест која е проследена, особено после нејзиното минатогодишно повлекување од кралските должности поради лекување од канцер, а главно нејзиното име ги преплавува модните рубрики.
Една од најдобро облечените жени на светот едноставно не умее да погреши, а Вимблдон, чија принцеза на Велс е покровителка, особено е инспиративен за сопругата на принцот Вилијам.
Така било и годинава, а Кејт првпат на Вимблдон се појавила во финалето на женскиот сингл, кога на победничката Швјонтек ѝ врачила признание во необичен „self-portrait“ фустан којшто изгледал како спој на сако и миди-здолниште.
Принцезата Дајана, вечна модна инспирација
Модните експерти не можеле да не забележат колку ова шик летно издание потсетувало на една од незаборавните модни комбинации на нејзината свекрва, принцезата Дајана во кое ја видовме во далечната 1992 година.
При посетата на пирамидите во Гиза, лејди Ди носела комплет со потпис на брендот „Catherine Walker“ којшто е меѓу омилените и на нејзината снаа Кејт.
Тогаш Дајана избрала да носи подолг блејзер со којшто го нагласила струкот со појас, а особено ефектни биле копчињата.
Со кратките ракави и во сафари стил, овој модел е синоним на летната елеганција и изгледал прекрасно со плисираното миди-здолниште.
Случајно или не, Кејт повторно го оправдала статусот на достојна наследничка на една од омилените членови на кралското семејство на сите времиња.