Убавината на овој рецепт е во тоа што сѐ се подготвува во едно тенџере, а ќе добиете јадење кое ќе сакате да го подготвувате често.
Откако тиквичките ќе се карамелизираат, сварете ги тестенините со крем-сирење во доволно вода.
Тиквичките потоа се враќаат во тенџере, заедно со малку лимонов сок и кора и ќе добиете обилна чинија полна со тестенини.
Состојки:
- ¼ шолја маслиново масло;
- 4 големи или 5 средни тиквички, крупно рендани;
- ½ лажичка сол;
- ½ ќесичка свеж мелен бибер;
- 3 ¼ шолји вода;
- 0,5 килограми тестенини;
- 170 грама крем-сирење;
- ¼ шолја исечкани печени ореви.
Подготовка:
1. Издинстајте ги тиквичките
Загрејте го маслото, па додадете ги тиквичките, 1 лажица сол и ½ лажичка бибер. Повремено мешајте ги додека течноста не испари, а тиквичките не се карамелизираат.
По потреба намалете ја температурата на шпоретот.
2. Варење на тестенините
Во истото тенџере додадете ја водата и ставете ја останатата количина сол.
Кога водата ќе почне да врие, додадете ги тестенините и крем-сирењето и намалете ја температурата на огнот. Мешајте за крем-сирењето да се стопи.
Варете ги тестенините околу 13 минути.
3. Вратете ги тиквичките
Додадете ги кората од лимон и сокот од лимон и мешајте околу 2 минути. По потреба додадете малку вода за да добиете сос.
Зачинете по вкус и колку што ви е потребно. Поделете ги тестенините во чинии и посипете со препечени ореви.
На здравје!