Оваа опција ви троши мобилен интернет дури и кога мислите дека сè е исклучено

Точка

08/07/2025

10:12

830

Големина на фонт

а а а

Ако ви се случило да добиете СМС-порака со предупредување за потрошен интернет, иако целиот ден сте биле поврзани на "WiFi", многу е можно виновникот да е една опција што повеќето корисници ниту знаат дека ја имаат вклучено.

Иако телефонот ви покажува "WiFi" симбол, тој во позадина може истовремено да користи мобилни податоци, ако процени дека "WiFi" сигналот е „пребавен“ или нестабилен.

Оваа функција автоматски е активирана на повеќето "Android" и "iOS" уреди, а ретко кој корисник свесно ја исклучува.


Телефонот се префрла на мобилна мрежа без да ве извести

На "Android" уредите, оваа функција се нарекува "Adaptive connectivity", додека на "iPhone" се вика "WiFi Assist". Во теорија, треба да ви помогне така што автоматски се префрлува на мобилни податоци кога "WiFi" мрежата е слаба, но во пракса често непотребно ви троши гигабајти – дури и кога мрежата е сосема употреблива.

Ова најмногу се случува кога гледате видеа, слушате музика, преземате апликации или се движите меѓу различни "WiFi" точки.


Како да ја исклучите оваа опција

На "iPhone" уреди:

1. Отворете Поставки (Settings)

2. Влезете во Мобилни податоци (Mobile Data)

3. Скролајте до крај и исклучете ја опцијата "WiFi Assist"

На "Android" уреди (Samsung, Xiaomi, Huawei и сл.):

1. Отворете Поставки > Поврзување > "WiFi"

2. Кликнете на Повеќе поставки или Напредно

3. Исклучете ја опцијата Автоматско префрлување на мобилни податоци или "Adaptive" connectivity

Формулацијата може да варира во зависност од производителот, но суштината е иста – спречувате телефонот автоматски да користи мобилни податоци кога смета дека "WiFi" сигналот не е доволен.

Ако вашиот интернет-пакет се празни побрзо од очекуваното, проверете ја оваа функција. Многу корисници мислат дека се цел ден на "WiFi", а всушност телефонот им троши мобилни податоци во позадина за апликации што бараат побрза конекција.

Со исклучување на оваа опција ќе избегнете неочекувана потрошувачка, а сепак ќе можете рачно да се префрлите на мобилна мрежа кога и да ви затреба.