[ФОТО] Ѕвезда на Ливерпул ги разбесни фановите со своите активности за време на погребот на Жота

Дерби

06/07/2025

14:42

1.031

Големина на фонт

а а а

Ливерпул испрати голема експедиција на вчерашниот погреб кој се одржа во Гондомар за браќата Диого Жота и Андре Силва, а во ситуација кога фановите останаа трогнати од венците кои ги носеа Вирџил Ван Дајк и Енди Робертсон, денеска на социјалните мрежи преовладуваат и пораки со кои се напаѓа една ѕвезда која не беше дел од тажниот чин.

Португалската јавност се насочи на непојавувањето на Кристијано Роналдо и веќе слушнавме повеќе објаснувања за неговото отсуство, но фановите на Ливерпул во последните неколку часа се посебно бесни на видеата кои пристигнаа од Колумбија.

Луис Дијаз доби огромна поддршка од Жота во времето кога беше киднапиран неговиот татко и Диого славеше погодок за првиот тим со дрес на Колумбиецот, но во моменти кога вчера траел погребот на португалскиот репрезентативец, Дијаз бил дел од промотивен акт со познати тиктоктери и стримери во родната земја.

Активностите на Дијаз во ваков сензитивен момент наидоа на огромни критики од страна на фановите на Ливерпул, особено поради тоа што пристигнаа и објави на Инстаграм на кои се гледа дека е насмеан.

Прикажаните фотографии нависитна оставаат лоша слика за колумбиското крило, без разлика на тоа што клубот прави максимални напори да му го продолжи договорот и да го оддлачи од Барселона.