Светското клупско првенство ќе донесе солидна заработка за сите клубови учесници, но првото издание во ваков формат покажа и многу слабости, вклучувајќи ги и тие на ФИФА како главен организатор.
Интересот за клупскиот мундијал не е толку голем како што се очекуваше, а американските организатори не можат да ги наполнат стадионите, па сериозно ги намалуваа цените на билетите за да охрабрат повеќе гледачи на трибините.
Откако се појави веста дека билетите за финалето се значително намалени, со реакција се јави и првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас.
– Целосно апсурден турнир, фудбалерите и лигите се изложуваат на голем ризик, распоредите се уништени, а фудбалскиот екосистем трпи големи штети.
– Се е кажано и за тв правата и спонзорите, дел се „истегнати за уши“ за да учествуваат, а капак на се е потегот со намалување на цените на билетите за да се наполнат стадионите.
– Дали може да биде полошо? Како и да е, постојат такви луѓе кои и натаму ја продаваат идејата дека првенството е успех и е иднина на фудбалот. Господ нека не спаси од овие лудаци, – рекол Тебас.