[ВИДЕО] Мбапе со специјална прослава во чест на Жота ја одбележа акробацијата против Борусија

Дерби

06/07/2025

09:07

1.418

Големина на фонт

а а а

Килијан Мбапе постигна мајсторска акробација за прв гол на Светското клупско првенство и покажа класа со својата завршница, а тоа во принцип значеше потврда на победата која Реал ја оставри над Борусија со резултат 3:2.

Францускиот напаѓач беше три меча во аут поради компликации од стомачен вирус и се врати како резерва против Јувентус, но идентичен статус доби и против Борусија и се покажа како добар „џокер“ од клупата за Чаби Алонсо.

Мбапе феноменално реагираше по додавањето од Арда Ѓулер и го постигна третиот гол за Реал, па во период кога цело фудбалско семејство тагува и плаче за смртта на Диого Жота и Андре Силва, Килијан режираше специјална посвета по реализацијата.

Напаѓачот на Реал со гестикулации го покажа бројот 20 и му оддаде чест на фудбалерот кој трагично го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа, па по крајот на натпреварот се огласи и преку социјалните мрежи.

– За Андре и Диого……..