Мартин Зубименди денеска конечно го комплетираше трансферот за кој се зборуваше веќе два месеци, па на тој начин, Арсенал и официјално го доби првото големо летно засилување, откако претходно клубот го договори и Кепа Аризабалага.
Шпанскиот репрезентативец една година подоцна ќе си го оствари сонот да заигра во Премиер лигата, но тоа ќе го прави во други бои, од едноставна причина што лани во финишот од летниот преоден рок го одби Ливерпул.
Зубименди реши да остане барем уште една сезона во Реал Сосиедад, но 10 месеци подоцна, најодлучен за негов ангажман се покажа Микел Артета.
Controlling the tempo.
— Arsenal (@Arsenal) July 6, 2025
Martin Zubimendi is a Gunner ✊
Original music by Ezra Collective's Femi Koleoso. pic.twitter.com/sYbDanRUnT
Шпанскиот стручњак го добива посакуваното засилување во средниот ред кое се очекува да ја менува улогата на Томас Парти, а за исполнување на тоа задоволство, Арсенал мораше да издвои 65 милиони евра.
Во една фаза од месец јуни, се доби впечаток дека Реал Мадрид може да ја расипе договорената зделка на Арсенал поради влијанието на Чаби Алонсо, но сепак „топчиите“ се покажаа како најистрајни во преговорите и денеска со големо задоволство го претставија дефанзивниот играч за врска.