Еден ден по трагедијата со Диого Жота и неговиот брат, од африканскиот континент стигнува уште една тажна вест, поврзана со збогување со легендарно име за нигерскиот фудбал.
Нигерија беше најголемо освежување и најпочитуван аутсајдер на светските првенства во 1994 и 1998 година, а на голот на оваа репрезентација беше Петер Руфаи.
Фудбалската федерација на оваа земја потврди дека Руфаи починал на 61-годишна возраст, а причина е болеста која поранешниот голман не успеал да ја победи во родниот град Лагос.
Руфаи беше стартен голман на Нигерија на мундијалите во 1994 и 1998 година, на кои африканската селекција со атрактивен фудбал стигна до осминфиналната рунда, а потоа работел како тренер и координатор во младинските академии.
Во клупската кариера настапуваше во Белгија, Португалија, Холандија и Шпанија, каде кратко беше дел и од Депортиво Ла Коруња.