Вчерашниот натпреварувачки ден на Вимблдон донесе и една тензична сцена, во која во главна улога беше Бен Шелтон.
Американскиот тенисер имаше водство од 2:0 во сетови и 5:4 во третиот сет во дуелот со Ринки Хиџиката, а судијата и официјалните лица решија да го прекинат мечот во тие моменти.
Недоволното светло е причина за одлуката да се прекине мечот, одлука која предизвика бурна реакција кај тенисерот кој требаше да сервира за победа и да го потврди пласманот во следната рунда.
Она што дополнително влијаеше на ваквото однесување на Шелтон веројатно е и фактот што испушти три меч топки на сервисот на противникот, а претходно прашувал и дали мечот треба да биде прекинат пред почетокот на третиот сет.
Ben Shelton reacts to his match against Rinky Hijikata being suspended at 9:29 PM local time.
— SportsCenter (@SportsCenter) July 3, 2025
The match will be resumed tomorrow after play is suspended due to darkness. pic.twitter.com/6X3mFleai0