Кирјос: Го бирам Синер пред Алкарас поради тоа што Карлос многу сака девојки

Дерби

04/07/2025

11:07

92

Големина на фонт

а а а

Ник Кирјос веќе подолго време не може да се истакне со добри игри на теренот поради повредите кои го прогонуваат веќе две години, па затоа доста често знае да се најде во центарот на вниманието поради своите изјави без влакна на јазикот.

Австралиецот беше многу гласен на крајот на минатата сезона кога изби скандалот за Јаник Синер и бараше најжестока казна за Италијанецот, а иако се доби впечаток дека нема никакви симпатии за светскиот рекет број еден, сега вели дека токму тој е неговиот фаворит во програмираната битка со Карлос Алкарас.

Јаник и Карлос се предодредени да владеат со тенисот во годините кои престојат, а Кирјос има едноставна причина поради која му дава предност на Италијанецот.

– Го бирам Синер пред Алкарас бидејќи Карлос сака многу девојки. Тој знае да се исклучи, знае да претера со забава, додека Синер изгледа далеку постабилно. Јас сум во тимот на Синер, – изјави Кирјос.

Во разговорот со Патрик Муратоглу, двајцата заклучија дека на крајот повеќе титули ќе освои оној што ќе има подобар меѓусебен скор, а во моментов оваа статистика е на страната на Шпанецот кој ги доби последните пет дуели со Италијанецот, вклучувајќи го и епското финале на Ролан Гарос.