Првото летно засилување за Алегри пристигна во Милано

Дерби

03/07/2025

11:21

295

Големина на фонт

а а а

Милан ќе претрпи посериозни промени ова лето и веќе се збогуваше со позајмените фудбалери кои не ги оправдаа очекувањата, но тренерот Макс Алегри во раната фаза на месец јули го добива и првото летно засилување.

„Росонерите“ ќе градат проект во кој главната улога ќе треба да ја преземат нови фудбалери, а реновирањето на тимот почнува со Самуеле Ричи кој денеска се појави на медицински тестови во тренинг базата на „росонерите“.

Италијанскиот играч за врска подолго време беше трансфер мета на Милан, но сега дефанзивниот играч за врска конечно го реализира трансферот и прави голем чекор напред во својата кариера.

Ричи има 23 години и поседува голем потенцијал кој може да се доразвие, а Милан за неговиот ангажман издвои 25 милиони евра.

По комплетираните медицински прегледи кои следат, ќе следи промоција и Ричи и официјално ќе се претвори во прво летно засилување за Алегри.