Неочекуваниот херој на Реал: Ова е необјасниво, гордост е што ме споредуваат со таква легенда

Дерби

02/07/2025

11:20

278

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид се пласираше во четвртфиналето на Светското клупско првенство, а во нокаут натпреварот со Јувентус одново до израз дојде најголемот и најпозитивно изненадување на актуелниот турнир во САД.

Гонсало Гарсија е младинец на Реал кој ретко кој очекуваше дека ќе добие шанса, но Чаби Алонсо направи стартер од него и овој му возврати на тренерот со вонсериски изданија по премиерата за првиот тим.

Гарсија вчеравечер го постигна третиот гол на клупскиот мундијал и му пресуди на Јувентус во европското дерби, па со оглед на тоа што има и една асистенција на четирите одиграни натпревари, полека се претвора во најдобар играч на Реал на Светското клупско првенство.

– Многу сум среќен за погодокот кој го постигнав, но уште повеќе за победата. Се боревме како тим и се натпреваруваме сите за еден. Играта во шеснаесетникот е мојот најголем квалитет, не е важно со што ќе ја зафатам топката. Секогаш сум буден во противничкиот шеснаесетник и неважно е дали шутирам со глава, или со нога.

– Споредбите со Раул? Вистинска чест и преголеми се зборовите за споредби со Раул. Го имав како тренер две години во Кастилја и имав можност да научам многу од него. Ова што ми се случува на овој мундијал е необјасниво. Многу сум среќен за трите гола, но најважно е како изгледаме како тим. Играме добро и веќе сме во четвртфиналето, – изјави Гарсија.