Јувентус осигура прво големо летно засилување по елиминацијата од СКП

Дерби

02/07/2025

11:15

142

Големина на фонт

а а а

Јувентус доживеа елиминација од Реал Мадрид во осминафиналето на Светското клупско првенство и избегна потежок пораз само поради добрите реакции на голманот Ди Грегорио, а крајот на турнирот треба да означи и еден старт на неколку важни промени во играчкиот кадар.

Планот на Јуве е целосно да го промени изгледот на нападот и да добие елитни засилувања покрај Коло Муани, па во ситуација кога Душан Влаховиќ е прецртан од спортскиот сегмент на клубот, одговорните директори го договорија првиот важен трансфер.

Како што јавуваат најугледните италијански новинари, Јувентус конечно успеал да ги приврши договорите со Џонатан Дејвид и го убедил да пристигне во Торино, што значи дека Игор Тудор добива големо засилување.

Дејвид беше на мета на големи ривали на Јувентус како Интер и Наполи, но во трката се споменуваше и Манчестер Јунајтед кој сепак се одлучи да бара подокажани напаѓачи од Премиер лигата.

Канаѓанецот Џонатан има 25 години и воодушеви со своите настапи во редовите на Лил, а фактот што доаѓа без отштета во Торино е голем плус за клубот кој во блиска иднина сака да ги интензивира преговорите и со Виктор Осимен.