Апартхотелот 21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness by Adora, резултат на соработката помеѓу Adora Business Group и македонската компанија ZAVAR, е добитник на престижната BIG SEE Interior Design Award – награда која се доделува на најиновативните и креативните архитектонски и дизајнерски проекти во Европа и пошироко.
BIG SEE наградите прераснаа од регионална иницијатива во глобална платформа што ја слави оригиналноста и креативноста во архитектурата, ентериерниот дизајн, модата и индустрискиот дизајн, а добитниците се избираат врз основа на иновација, естетика, одржливост, културна вредност и функционалност.
21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness by Adora е реализиран хотелско-резиденцијален комплекс со пет ѕвезди кој воведува нови стандарди за квалитетно домување и врвно туристичко искуство во Србија. Сместен на возвишена локација и опкружен со густа борова шума, овој апартхотел претставува внимателно осмислен спој на современ дизајн, природна хармонија и интелигентно управување.
Станува збор за иновативен хотелски концепт од 21-от век, во кој сите апартмани се целосно унифицирани, модерно опремени и продадени на приватни сопственици, при што целиот комплекс функционира според profit-sharing модел. Сопствениците на апартманите учествуваат во приходот од издавањето, што претставува нов бизнис модел на овие простори, инспириран од успешни hospitality примери од Дубаи.
Со целокупното управување и оперативно водење на комплексот се занимава Adora Hospitality Group, што овозможува доследен квалитет и врвна услуга. Дел од исклучителните содржини на комплексот се луксузниот Spa & Wellness центар кој вклучува турска хамам бања, финска сауна, спа третмани, базен со солена вода кој овозможува целосна релаксација, како и стилски ресторан инспириран од естетиката на Њујорк од 20-тите години, кој нуди уникатно гастрономско доживување. Дополнително, за најмладите посетители обезбедено е безбедно и пространо игралиште на отворено.
Од неговото отворање во август 2023 година, комплексот бележи постојан раст на интересот, а неговиот квалитет и популарност се потврдени и од страна на Booking.com, кој го прогласи за најпосетен хотел за 2024 година во Златибор.
Adora Business Group е една од најразвиените бизнис групации во Македонија со долгогодишно искуство во повеќе сектори, меѓу кои градежништвото, финансиите, енергетиката, и финансиското советување. Со над 500.000 м² реализирани станбени и деловни површини, групацијата има значајно присуство на real- estate пазарите во земјата и пошироко. Нивната ориентација кон стратешки и одржлив развој се потврдува преку нивната улога како најголеми поединечни акционери во Комерцијална Банка АД Скопје, сопственици на системот за централно затоплување на градот Скопје и инвестициони советници со глобално присуство, како и преку други значајни економски потфати.
Визуелниот идентитет и естетската целина на 21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness by Adora се резултат на соработката со истакнати уметници и дизајнерски студија од регионот, чиишто дела го збогатија просторот со оригиналност, длабочина и карактер. Уметникот Andrej Josifovski – Пијаниста остави силен визуелен печат преку серијата мурали во Spa центарот, инспирирани од убавината и формата на женското тело, внесувајќи интимност и суптилна емоција во просторот за релаксација. Ресторанот Gatsby, дело на архитектонското студио Uniarch Design, е дизајниран како современа интерпретација на гламурот на Њујорк од 20-тите години, со впечатлива атмосфера што комбинира елеганција, комфорт и префинет вкус.
Особено значаен придонес во создавањето на визуелниот идентитет има Zavar Design – македонска компанија која претставува синоним за иновативност и висока естетика. Нивната соработка со Adora резултираше со уникатен просторен израз, кој беше препознаен и награден со престижната BIG SEE Interior Design Award.
Zavar Design е препознатлива по трансформирањето на елементите за греење во функционални уметнички дела, при што нивните производи комбинираат индустриска прецизност со уметничка експресија. Колекциите „Drop“ и „Atomic“ се само дел од нивниот богат дизајнерски опус, каде радијаторите функционираат не само како уреди за греење туку и како скулптурални објекти со висока естетска вредност. Компанијата користи 100% рециклирачки метали и интегрира паметни технологии, без да прави компромис со занаетчискиот финиш и деталната изработка.
Меѓународната заедница одамна ги препознава вредностите на Zavar Design – тие се добитници на German Design Award за радијаторот „Drop“ во категоријата „Excellent Product Design – Energy“ (2020), BIG SEE Product Design Award (2018), Best Innovative Design на Architectural Digest Design Show во Њујорк (2017), како и признанието Златен клуч и патент на годината (2022), што сведочи за нивната иновативност и технолошка супериорност.
Се обративме до г. Душко Чифлиганец, човекот кој стои зад визијата и реализацијата на проектот, кој накратко изјави:
„Проектната задача на Adora отсекогаш била и останува иста – да го дадеме најдоброто од себе и секогаш да понудиме пионерски и иновативен производ за нашите купувачи. Овој проект го реализиравме во исклучително тешки времиња, кога бевме затекнати од корона-кризата, инфлацијата на градежните материјали и други навистина отежнувачки фактори за работењето.
Денес, хотелот втора година по ред е оценет како најпосетена локација на Златибор според Booking.com – рецензиите, коментарите и впечатоците се исклучително позитивни, што за мене и за целиот тим на Adora претставува најголемо задоволство во работата.
Овој месец ќе го претставиме и нашиот нов резиденцијален проект во самиот центар на Љубљана, каде повторно ќе се потрудиме да го дадеме најдоброто од себе."
Соработката меѓу Adora и ZAVAR на проектот 21st Century Zlatibor произлезе од заедничката визија – да се создаде простор кој нуди повеќе од сместување: интеграција на архитектура, уметност и удобност. Овој проект претставува симбол на македонската креативност на меѓународната сцена и ги позиционира двете компании како двигатели на иновација, стил и квалитет во регионот и пошироко.
За повеќе информации околу искуството што го нуди 21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness by Adora, посетете ја страницата www.21zlatibor.rs, а за дизајнерските иновации на Zavar Design посетете ја страницата www.zavardesign.eu.
Комерцијален текст