Нереално видео од Црна Гора: На девојка ѝ паднала чантата во подземен контејнер, погледнете што направил овој човек

Точка

26/06/2025

14:09

2.062

Големина на фонт

а а а

Нереалното видео, наводно настанало во Црна Гора, а станало вистински хит на социјалните мрежи, сето тоа поради еден џентлмен којшто одлучил да влезе во подземен контејнер за да ѝ помогне на несреќната девојка.

На видеото кое е објавено на Инстаграм страницата „Podgorički vremeplov“ се гледа како повозрасен маж става висока скала во подземен контејнер, додека две дами му асистираат.

Зад сето тоа, барем како што се тврди во описот на видеото, се крие маката на девојката на која во подземниот контејнер ѝ паднала чантата.

„На девојката при фрлање ѓубре во подземниот контејнер ѝ паднала чантата. Без многу размислување, еден господин донел скала и ја спуштил внатре во контејнерот за да ѝ помогне. Секоја чест на хуманоста и витешкиот потег“, се наведува во описот на видеото кое неодамна било објавено.

Под видеото се нижеле голем број коментари од восхитените корисници на социјалните мрежи:

„Сѐ уште има надеж за нас“, „Бог да му даде здравје“, „Луѓе, дали ова е реално“, „Секоја чест за господинот. Тоа би требало да е нормално, а ние се заблагодаруваме за тоа“.