[ФОТО] Мачорот Пабло преживеал еден час во вклучена машина за перење алишта: „Вистинско чудо, еден од најтешките случаи во нашите кариери“

Точка

26/06/2025

15:23

579

Големина на фонт

а а а

Мачор од бурманска раса од Австралија преживеала неверојатна несреќа и денес е жива „маскота“ на ветеринарската клиника, благодарение на брзата реакција на неговите сопственици и стручното знаење на лекарите. Сè започнало кога деветмесечниот мачор по име Пабло, во момент на невнимание, се вовлекол во барабанот на машината за перење алишта.

Вратата останала отворена, а сопствениците дури ни не забележале дека нивниот миленик се свиткал внатре. Ги вклучиле автоматските програми за плакнење – без алишта, но со ладна вода и дури 3000 вртежи. Циклусот траел 55 минути.

Кога ја отвориле машината, затекнале ужасна глетка. Пабло бил без свест, во тешка состојба. Веднаш го однеле во дежурната ветеринарна болница „SASH“ на Голд Кост, каде лекарите се бореле за неговиот живот.

„Тоа беше еден од најтешките случаи што сум ги имала во мојата кариера. Пабло имаше сериозни оштетувања на белите дробови и мозокот, а загуби и неколку прстиња. Многу ретко некој преживува цел циклус на перење. Ова е вистинско чудо“, раскажала ветеринарката Ела Јарсли.

If cats really do have 9 lives, Pablo the Burmese kitten might be down to 8 🐾


After going missing for over an hour,...

Posted by SASH - Small Animal Specialist Hospital on Tuesday 10 June 2025

Иако звучи неверојатно, стручњаците велат дека вакви ситуации се случуваат почесто отколку што луѓето мислат. Мачките често бараат топли и тивки места за криење, а машината за перење понекогаш им делува како совршено скривалиште.

„Благодарни сме на семејството на Пабло што ни дозволи да ја раскажеме оваа приказна, за да го привлечеме вниманието кон опасноста која малкумина ја очекуваат“, порачаа од болницата.

По седум дена интензивна нега, Пабло почнал да закрепнува. Денес се чувствува значително подобро, останале само помали повреди на шепата и опашката. Сè уште оди на контроли и промена на завои, придружени со неизбежни прегратки со ветеринарите кои му го спасиле животот.