"Koenigsegg" го претстави "Sadair’s Spear" – шведско "V8" чудо со 1.625 коњски сили

Точка

26/06/2025

12:55

448

Големина на фонт

а а а

Шведскиот производител на хиперавтомобили "Koenigsegg" го претстави својот нов модел "Sadair’s Spear", кој поставува нови стандарди во перформансите со неверојатен однос меѓу сила и тежина.

Две нивоа на моќност

Новото возило го придвижува "twin-turbo V8" мотор кој развива 1.300 коњски сили на обичен бензин, односно до 1.625 коњски сили при користење на E85 гориво. Моторот е споен со револуционерниот "Light Speed Transmission" (LST) – менувач, способен да достигне дури 46.000 вртежи во минута. Автомобилот е 35 килограми полесен од својот претходник, со што остварува однос сила/тежина што ја надминува границата 1:1.


Аеродинамичниот пакет вклучува ново активно двојно задно крило, оптимизирано за максимален притисок, како и унапредена вентилација на моторот, што додава дополнителни 20 до 25 коњски сили. Возилото има ексклузивни "Aircore" тркала од карбон и прилагодени "Triplex" амортизери, дизајнирани специјално за возење по тркачки патеки.


Името носи посебно значење

Името "Sadair’s Spear" има длабоко лично значење за основачот Кристијан фон Кенигсег – тоа бил името на коњот што го јавал неговиот татко Јеско во својата последна трка во 1976 година.

На првите тестирања на патеката "Gotland Ring", "Sadair’s Spear" го собори претходниот рекорд кој го држеше моделот "Jesko Attack", и тоа за импресивни 1,1 секунда.


Производството е ограничено на само 30 примероци, а сите веќе се распродадени на приватна презентација.

„Sadair’s Spear претставува природна еволуција за "Koenigsegg" – совршена рамнотежа меѓу чиста моќ, префинета аеродинамика и извонредно присуство на патот“, изјави Кристијан фон Кенигсег.