Професионални фудбалерки загубија 7:1 од 15-годишни момчиња – се обидоа да го скријат резултатот

Точка

25/06/2025

18:15

1.571

Големина на фонт

а а а

Фудбалската федерација на Швајцарија се најде под силна критика од јавноста поради обидот да го скрие резултатот од подготвителниот натпревар на својата сениорска женска репрезентација.

Имено, А-селекцијата на Швајцарија беше понижена со 7:1 во дуел со машката младинска селекција до 15 години (U15).

Иако натпреварот беше неофицијален и без службена статистика, еден од младите фудбалери го објави резултатот на социјалните мрежи, предизвикувајќи бурни реакции.

Најпрво, јавноста се праша која е целта на ваков подготвителен меч непосредно пред Европското првенство што ќе се одржи токму во Швајцарија (2 – 27 јули).

„Во женскиот фудбал не е невообичаено екипите да играат против помлади машки селекции. Целта е да се додаде натпреварувачка компонента и да се тестира физичката подготвеност. Без разлика на резултатот, ваквите натпревари според интензитет и претрчани километри се многу слични на меѓународните дуели“, објасни портпаролот на швајцарската репрезентација, Свен Микос.

Но, уште поважно прашање е – каде точно се наоѓа женскиот фудбал во однос на машкиот?

Тоа можеби не би било толку значајна тема доколку последниве години фудбалерките често не се жалеа дека се во подредена положба во однос на своите машки колеги, особено кога станува збор за финансиите.

So it was rumoured that Switzerland women's national team which Alisha Lehmann is included, played against Luzern U15...

Posted by SBM Football Arena on Monday 23 June 2025

Една од најгласните во тие критики е токму швајцарската репрезентативка Алиша Леман.

Таа изминатата сезона повеќепати се жалеше дека заработува 100 пати помалку од нејзиното момче – исто така фудбалер – иако и двајцата играат за италијанскиот Јувентус.