Поранешниот возач на Формула 1, Серхио Перез, отворено проговори за разделбата со Ред Бул.
Во 2024 година, Серхио Перез го напушти Ред Бул по разочарувачка сезона. На неговото место дојде Лиам Лосон, кој беше заменет од Јуки Цунода по две трки.
Лосон и Цунода се соочија со слични проблеми, со кои се соочуваше Перез, но и покрај тоа не можат да го остигнат перформансите што ги имаше Мексиканецот.
Перез зборуваше за тоа со новинарите и кога беше прашан дали мисли дека Ред Бул му должи извинување, тој рече:
„Не. На крајот на краиштата, овој спорт е таков. Тие донесоа одредени одлуки и создадоа притисок што не можеа сами да го поднесат. Ќе зажалат, длабоко во себе и тоа веќе се случува. Знам од сигурен извор. Што можам да направам? Да продолжам понатаму. Тешко е. Имам блиски пријатели таму и жал ми е што некој мисли дека уживам во сè што се случува. Не е така“, рече Перез.
Ферстапен ја освои својата четврта последователна шампионска титула минатата сезона, но одредени проблеми беа видливи и дури сега излегуваат на виделина.
„Вистината е дека Макс го заслужува успехот што му се случува. Тој е неверојатен возач и малкумина ќе разберат што прави. Тој е неверојатен“, рече Мексиканецот.
Перез не е единственото големо заминување од Ред Бул. Уште поголем удар беше разделбата со живата легенда Адриан Њуи.
„Имавме одличен тим. На крајот, сè се распадна, полека, но сигурно. Имавме нешто посебно во една од најконкурентните ери во Формула 1. Не доминиравме како Мерцедес, кој имаше голема предност во моторите, имавме помала разлика во квалитетот и создадовме сила. Кога Адриан си замина, се појавија проблеми“, објаснува Серхио Перез.