Раул Гонзалес е еден добро познат стратег за Македонеците и македонската ракометна сцена, човек кој со Вардар испиша историја и ја освои Лигата на шампионите.
Со „црвено-црните“ тој доминираше во домашното првенство и Купот, СЕХА лигата по што замина во Пари Сен Жермен од каде по седум години се враќа на Балканот и тоа како селектор на Србија.
Тој имаше интервју за Арена Спорт на кое интересно се одлучи да зборува на македонски јазик и покрај тоа што новинарот му понуди да разговараат на англиски. Прашањата беа на англиски јазик, а Раул одговараше на македонски со што уште една ја воодушеви нашата јавност.
- Навистина уживав додека работев во Македонија, а од исклучително значење е на човек да му е убаво тоа што го прави. Тогаш имав време да се запознаам со менталитетот на луѓето и поради тоа мислам дека нема да ми треба многу време да се адаптирам во Србија, да видам каков темперамент имате и од тој аспект, искуството во Македонија е од големо значење за мене, - истакна Шпанецот меѓу другото.