Суарез за споредбите на талентот на Челси со Меси: Има уште многу да учи, мора да…

Дерби

25/06/2025

14:13

606

Големина на фонт

а а а

Премиерлигашот Челси за брзо време ќе го има на располагање големиот бразилски талент Естевао Вилијан играч попознат како Месињо.

Тој е дете на Палмеирас, играч за кој настапува и сега со тоа што Светското клупско првенство ќе му биде последен настан во овој дрес затоа што потоа доаѓа во Лондон.

Инаку Естевао е играч кого го споредуваат со Лео Меси и затоа го има и прекарот Месињо. Младиот офанзивец беше на теренот против Интер Мајами и одблиску можеше да се увери во квалитетите на Меси, но и на другите големи имиња, ветерани кои се дел од МЛС составот како Суарез, Бускетс, Алба…

Тој размени дресови со Лео и Суарез, а овој вториот имаше и коментар за талентот и споредбите со Меси.

- Мислам дека споредбите не се паметни. Тој мора да си создаде име, а тие [Естевао и Меси] се различни играчи. Секако, се восхитувам на неговите години и неговата личност. Играњето ваков тип на игра на негови години е фантастично. Му посакувам се најдобро бидејќи е млад и сè уште има многу да учи, - порача Ел Пистолеро.